Снег во Австралија

Студениот бран што ја зафати Австралија донесе снежна обвивка наместа и до 20 сантиметри и ги изненади жителите на Квинсленд и на Нов Јужен Велс.

На овој дел од Австралија не заврнал снег со толкава обвивка во последните 30 години.

Снегот предизвика мали застои во сообраќајот, а затворени беа и неколку училишта.