Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014/2015 година, вкупниот број на ученици-студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и студентските домови изнесува 7 406 што претставува намалување за 1.1% во однос на 2013/2014 година.
Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 252 ученици. Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.
Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење на родителите – издржувателите.