Започнува пријавувањето за годинешната „Охридска софра“

На 30-ти август (недела) во село Скребатно традиционално ќе се одржи манифестацијата „Охридска Софра“, која претставува промотивен настан на традиционални рецептури за подготовка на познатото охридско ѓомлезе и друга традиционална храна.

Манифестацијата претставува одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини и збогатување на туристичката понуда на градот Охрид.

Манифестацијата ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина при што наградата за првонаграденото ѓомлезе изнесува 10.000 денари, за второнаграденото 7.000, а за третонаграденото 3.000 денари.

За таа цел сите заинтересирани учесници кои сакаат да бидат дел од манифестацијата се покануваат да се пријават во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој или на тел: 046/ 230 -175 најдоцна до 21.08.2015 година.