Колумна: Мнозински изборен модел со загарантирани пратенички мандати за малцинствата и дијаспората

Секој изборен модел, без загарантирани пратенички мандати за ранливите етнички заедници, како што се Египќаните, Црногорците, Хрватите, Бугарите во Р.Македонија, како и зачувување на 3 -те пратенички мандати за Дијаспората, всушност се изборни модели, кои не коренспондираат со демократските вредности и начела, како и со намерите да имаме едно стабилно, отворено, и демократско, мултиетничко,мултиконфесионално и мултикултурно општество. Од формално-правен аспект, нема никакви препреки, бројот на пратениците во Законодавниот дом да биде 127 или 130, бидејки тој број не е фиксно утврден и се движи од 120-140 пратеници. Со еден ваков изборен модел, само ке демонстрираме силна и искрена порака, дека навистина ја посакуваме ДЕМОКРАТИЈАТА, ИНТЕГРАЦИЈАТА, ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО, и дека заслужуваме да бидеме дел од ЕУ И НАТО. Ако, не се обезбедат загарантирани пратенички мандати, индирекно, се злоупотребуваат гласовите на гореспоменатите ранливи етнички заедници, кои не седел од Уставната Преамбула.

Предлогот на господинот Премиер и Претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој предложи мнозински систем, со бонус од плус 17 пратеници за победникот на изборите, на некој начин, им дава шанса на „ранливите етникуми“ од аспект на тоа што, релевантните политички субјекти, оние поголемите, можат во своите редови, да инкорпорираат личности од овие заедници, кои достојно ке ги бранат интересите на своите етникуми. Но, ЛЕГИТИМИТЕТОТ, што ќе го добие, извесен кандидат/и, во една непосредно демократско ориентирано општество, легитимитетот кој ке го добие пратеникот на одреден етникум, преку непосредни, слободни и фер избори, за да го пополни загарантираното пратеничко место,е далеку поголем , отколку да оди на оние бонус 17 пратеници.

Египќаните, како даночни обврзници,како и останатите грагани, оддамна го имаат „платено,“ загарантираното пратеничко место“ и го заслужуваат по сите основи и параметри, во имео на ДЕМОКРАТИЈАТА, но потреба е политичка волја од „големата четворка“ која не треба да прави математики, особено за вакви приоритетни демократски вредности и цели.

Демир Далип – НВО Коалиција на Египќани

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.