Пронајден мртов поранешниот воен разузнувач Горан Софески

Нема траги на насилство врз безживотното машко тело пронајдено утрово во 08 часот и 35 минути во месноста „Бела вода“ во близина на Кичево. Ова е потвредено од извршениот увид предводен од Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство од Кичево како и од медицински екипи од Општата болница во Кичево кои на лице место извршија медицински преглед.

Од извршеното препознавање на местото каде е забележано безживотното тело, се работи за лицето Горан С. (44) од Кичево, со место на живеење во Скопје. До телото, забележан е ловечки карабин со оптички нишан. По извршениот увид, а по насоки на Јавниот обвинител, телото на сега починатиот е предадено на неговото семејство.

Безживотното тело е забележано утрово во 08 часот и 35 минути на потегот помеѓу кичевските села Раштани и Горни Длапкин дол. Било видено од група граѓани од селото Раштани.

Инаку, вчера во 16 часот и 30 минути, во полициската станица во Кичево, како исчезнато лице е пријавен сега починатиот Горан С. за што веднаш е известен надлежниот Јавен обвинител и оформена е екипа за вршење потрага.