Заокружен процесот за прием на 250 професионални војници во 2015 година

Денеска, Министерството за одбрана го објави Решението за прием на кандидати за професионални војници во служба на АРМ.

Од Министерството истакнуваат дека кандидатите поминале низ ригорозен процес на селекција, која и овој пат вклучувула 24-дневен селективен курс, организиран и воден од Полкот за специјални операции.

Со заокружувањето на приемот на втората група од 125 професионални војници целосно се реализираше најавениот процес за прием на 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Со приемот на професионалните војници, Армијата на Република Македонија продолжува со пополната на своите редови и тоа со високо мотивирани војници кои низ процесот на селекција покажале дека се најдобрите од најдобрите.