Кривична пријава за кичевчанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „овозможување употреба на наркотични дроги“, полициската станица од Кичево, поднесе кривична пријава против Г.М. (25) од кичевското село Другово.

Во текот на јануари оваа година, при извршен личен преглед над пријавениот, пронајдени и одземени се една самоделска цигара со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 0,18 грама како и едно целофанско пакување со наркотична дрога марихуана со нето маса од 0,15 грама. Опојната дрога марихуана, пријавениот ја набавил од лице од Скопје со цел заеднички да ја користат со Б.Ѓ. и Х.Ш. двајцата од Кичево.

Полициски службеници, прегледот го извршиле на паркинг просторот кај железничката станица во Кичево по што, одземената дрога ја предале на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.