Ватикан доби нов папа

Над Сикстинската капела во Ватикан излезе бел чад нешто после 19 часот по локално време, што беше знак дека е избран нов папа. Новиот поглавар на Католичката Црква е Хорхе Марио Берголио, кој како папа ќе се вика Франсис Први.

Кардиналите го избраа во петтиот круг од гласањето на една од најкратките конклави. Интересно е тоа што на претходната конклава токму кардиналот Берголио беше второпласиран, кога победи Џозеф Рацингер. Новиот папа има 76 години и веднаш после Бенедикт XVI, е најстар кардинал во историјата, кој е избран за папа.

По 1300 години избраниот папа не е од Европа, а воедно тој е и првиот латиноамериканец избран за папа. Берголио е роден на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, Аргентина.

Новиот папа од терасата на базиликата Свети Петар ги благослови сите присутни, но и оние кои случувањата ги следат преку малите екрани и останатите медиуми.

WebOhrid