Работилица „Систем за следење, евалуација и известување во рамки на процесот на стратешко планирање“

Во рамки на активностите за унапредување на процесот на стратешко планирање, на 19.05.2016г. во организација на Единицата за стратешко планирање (Секторот за стратешко планирање и управување со квалитет во Одделот за односи со јавност и стратешки прашања) во седиштето на МВР се одржа еднодневна работилницана тема„Систем за следење, евалуација и известување во рамки на процесот на стратешко планирање“.

Предавачи беа тројца претставници од Генералниот Секретаријат на Владата на РМакедонија а на работилницата присуствуваа 26 вработени (25 од Бирото за Јавна Безбедност и еден од Управата за безбезбедност и контраразузнавање) кои се директно се вклучени во процесот на следење, евалуација и известување за степенот на реализација на активностите предвидени во програмите во Стратешкиот план на МВР.