Во рамки на активностите за унапредување на процесот на стратешко планирање, на 19.05.2016г. во организација на Единицата за стратешко планирање (Секторот за стратешко планирање и управување со квалитет во Одделот за односи со јавност и стратешки прашања) во седиштето на МВР се одржа еднодневна работилницана тема„Систем за следење, евалуација и известување во рамки на процесот на стратешко планирање“.
Предавачи беа тројца претставници од Генералниот Секретаријат на Владата на РМакедонија а на работилницата присуствуваа 26 вработени (25 од Бирото за Јавна Безбедност и еден од Управата за безбезбедност и контраразузнавање) кои се директно се вклучени во процесот на следење, евалуација и известување за степенот на реализација на активностите предвидени во програмите во Стратешкиот план на МВР.