Министерот Лутфиу на министерска конференција во Никозија, Кипар

Делегација предводена од министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу од 22.03.2017 година до 23.03.2017 година, ќе присуствува на министерска конференција – “Обезбедување на демократија преку образованието” во Никозија-Република Кипар, организирана во рамките на Кипарското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа.

Идејата на оваа конференција е да се издигне улогата на образованието во борбата против насилниот екстремизам и радикален тероризам и да се обезбеди систем на образованието како алатка за инклузивно општество, вреднување на разликите и дијалог.

На оваа конфренција свое обраќање ќе има и министерот Пиштар Лутфиу.