ВМРО-ДПМНЕ: Делуваме со транспарентни процеси според сите законски одредби

Во врска со денешната прес-конференција на ВМРО Народна партија, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ во која стои:

„Очигледна е заблудата на гласноговорникот на Народна партија и очигледно без ориентација за простор и време зборува за временски простор од десет години во градот Охрид.

Денешната прилика ќе беше и повеќе од добредојдена доколку прикажеше на кој и каков начин додека самиот тој и неговата партија беа во советот на Општина Охрид како привезок партија на СДСМ се создаде економска дупка од 50 милиони евра.

Од друга страна пак, за примерите кои ги посочувате најпрво треба да констатирате дека ВМРО ДПМНЕ делува со транспарентни процеси според сите законски одредби притоа сериозно водејќи сметка за обезбедување поголема конкурентност и фер постапка но исто така вие многу добро треба да знаете со оглед на тоа дека трет мандат сте во советот на Општина Охрид кој од наведените урбанистички планови кои ги наведувате се донесени во Ваше време?

Согласно ваквите изјави и прес конференции на Народна се прашуваме дали индирекно укажувате дека воопшто нема да ги почитувате законските одредби доколку дојдете на власт?

Премногу имате политички негативен багаж во осум години додека бевте привезок партија на СДСМ во градот Охрид за да негирате работи кои ВМРО ДПМНЕ ги процесира се со цел поубав и модерен Охрид.

Охриѓани тоа добро го знаат, за што најдобар пример ќе биде 11 декември кога коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник во изборниот циклус.“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.