Ученици од ОУ „Григор Прличев“ во посета на охридскиот аеродром

Согласно програмата по предметот Општество, учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид заедно со нивните наставници денес го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Од страна на вработените учениците се запознаа со работата на аеродромот, а имаа и можност да видат полетување и слетување на авион на пистата.

На крајот тие си заминаа среќни и задоволни од новото доживување, кое сигурно долго ќе го паметат.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid