Ограбен маркет во Охрид

На 07.07.2017 година околу 04:20 часот во Охрид на ул.„Димитар Влахов“ во маркет „Теди“, непознато маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво врз вработената, при што одзело сума на пари од околу 60.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.