Првоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ и годинава станаа членови на Детската организација

Традиционално првоодделенците од ОУ„Григор Прличев“ –Охрид и оваа учебна година станаа членови на Детската организација, додека останатите ученици се вклучени во активностите по повод ДЕТСКАТА НЕДЕЛА.

„Вниманието е секогаш насочено кон најмладите на кои им се прочита детското ветување, им се доделија детските пасоши и беџови. Нашето училиште организираше и културно уметничка програма во која учество зедоа учениците од одделенска настава. Низ игра и музика , а потоа и читање на свеченото ветување кое првачињата го повторуваа, во опуштена атмосвера , со многу радост се одбекежа приемот на првачињата во Детската организација.“- велат од ОУ „Григор Прличев“.

Во училиштето на класниот час, на 2.10.2017 (понеделник), кога е и Светскиот ден на детето, класните раководители ги истакнаа одредбите од Конвенцијата за правата на детето. Беа истакнати плакати, низ училиштето беа распределени маркички и во духот на демократијата се истакнаа правата на најмалите, но воедно најголеми членови на нашето општество.