Доделени плакети по повод 40 години од постоењето на Атлетски Клуб „Охрид“

По повод 40 години од постоењето на Атлетски Клуб „Охрид“, на свеченоста што се одржа денес, плакети им беа доделени на Атлетската федерација на Македонија, постхумно на проф. Влатко Димитров, на ветеранот Ристо Трајкоски, на актуелниот претседател на клубот Пецо Неданов, како и на градоначалникот Никола Бакрачески.

„Почестен сум со ова признание бидејќи тоа ми го доделува најтрофејниот спортски клуб од Охрид. Импресивни се податоците дека во изминативе 40 години, членовите на Атлетскиот клуб на домашни и меѓународни натпревари имаат освоено 50 златни медали, собориле 100 рекорди, освоиле 3000 признанија, а учествуваа и на Олимписките игри во Пекинг“. – рече градоначалникот Никола Бакрачески.

На свеченоста, по повод јубилејот, атлетичарите изразија задоволство од поддршката на Локалната самоуправа и најавија дека упорно ќе работат за постигнување на уште поголеми спортски резултати.