Општина Охрид ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар. Ова го изјави градоначалникот Јован Стојаноски на денешната прес-конференција.

„Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем. Важно ние да потенцираме дека проблемот не е краткорочен и може да трае во целиот мандат, па затоа мора со заеднички сили сите граѓани на Општина Охрид, а во наредниот период, заедно со општините Дебрца, Струга и Ресен заеднички ќе го решаваме проблемот“. – рече градоначалникот Стојаноски.

Раководителот на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска, во изјава за медиумите рече:

„Како што кажа градоначалникот, тоа подразбира набавка на опрема и обука по две екипи од секоја општина од јавните комунални претпријатија кои што ќе прават заловување на кучињата, а потоа како општинска надлежност, значи соодветна избрана ветеринарна служба ќе врши стерилизација и ќе ги враќа на местото таму каде што се заловени, тоа е согласно Законот и правилникот. Како прва фаза мора да се почне на овој начин, а потоа како следна фаза стационар кој бара соодветна локација, би бил регионален бидејќи повеќе општини се заинтересирани и го имаат овој проблем.“ – изјави Лозаноска, 

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid