Денес, првачињата од ОУ „Григор Прличев“ имаа одлична можност низ детска претстава да научат како правилно да се однесуваат во сообраќајот. Претставата беше во форма на симулација на сообраќајни ситуации и демонстрација на сообраќајни правила и прописи, со цел децата на интересен и забавен начин да научат како треба правилно да се однесуваат во сообраќајот, за нивна поголема безбедност.
Детската претстава која беше изведена во ова училиште е дел од едукативната кампања под наслов „Јас внимавам“ во организација на ОКТА АД – Скопје, а се реализира во соработка со Министерството за внатрешни рабпти на Република Македонија. Во рамките на оваа кампања во ОУ „Григор Прличев“ беа донирани и сообраќајно игралиште – полигон за основни училишта, како и сообраќајни боенки.