Студеното време низ Европа одзеде над 40 животи

Бројот на жртви од студот низ Европа од ден ден се зголемува, така што денес бројот надмина 40 жртви. Ваквото време го зафати и Балканот. Снегот во Србија како што пренесуваат повеќето медиуми одзел 4 жртви, во Босна и Херцеговина 3, додека пак во Хрватска 5 лица. За среќа во Македонија и Црна Гора сеуште нема смртни случаи предизвикани од ниските температури, но снежната покривка наместа е голема и има завеани села и патишта. Слична е и сликата низ Европа.

Руските метеоролози сметаат дека оваа зима ќе биде најладната во последните 1000 години. Од Европскиот метеоролошки центар предупредуваат дека оваа зима ќе се мерат температури до 30 степени под нулата. Оттаму велат дека студената зима е резултат на летото со тропските температури. Позастрашувачки е податокот дека поларните зими ќе продолжат и во наредните години.