Усвоен буџетот на ЕУ за 2013 година

Нацрт буџетот на Европската Унија за 2013 година во вредност од 133 милијарди евра е усвоен од страна на Европскиот парламент, под услов земјите членки да го гарантираат плаќањето на долгот од 2012 година, истакна претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Усвоениот буџет се однесува на 6 милијарди евра на буџетот за 2012 година, наменети за различни програми и нацрт буџет за 2013 година каде што се намалени расходите за 5 милијарди евра. Дополнителните 6 милијарди евра се одобрени со 514 гласови „за“, 68 „против“ и 81 „воздржан“.

Буџетот за 2013 година е усвоен со 498 гласови „за“, 162 „против“ и 12 „воздржани“.