Македонија Полска во живо на МТВ, Јаневски го објави почетниот состав

Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Полска гледајте го низ директен пренос на МТВ.

Репрезентацијата на Македонија составена од домашни кандидати денеска во 17:15 часот во Анталија на неутрален терен против Полска го игра последниот натпревар годинава. Јаневски потенцираше дека дуелот против Полска е убава можност за фудбалерите што настапуваат во домашното првенство да потврдат дека имаат квалитет и потенцијал да бидат кандидати за “А“ репрезентацијата на Македонија. Селекторот на нашиот национален тим го објави составот на фудбалери кои ќе го започнат натпреварот со Полска.

1. Кристијан Наумовски

2. Владица Брдаревски

3. Мите Цикарски

4. Седат Бериша

5. Даниел Мојсов

6. Ристе Марковски

7. Дејан Блажевски

8. Остоја Стјепановиќ

9. Јован Костовски

10. Ндерим Неџипи

11. Драган Ѓоргиев

Шанса за настап од клупата за резервни фудбалери на Македонската репрезентација ќе очекуваат Стојан Димовски, Даниел Божиновски, Томе Китановски, Предраг Ранѓеловиќ, Владимир Димитровски, Владимир Петрески, Иван Митров, Марко Симоновски и Музафер Ејупи. Поради повреда, селекторот Јаневски единствено нема да смета на настап на Филип Најдовски.

извор: ФФМ