Општина Охрид преговара за проект за еколошка заштита

Општина Охрид и водечката хрватска компанија во ЕКО индустријата „Техникс“, моментално се во преговори за изработка на проект од МБО- Т технологии.

Со имплементирањето на овој проект, како што стои во писмото упатено до градоначалникот Александар Петрески, ќе се обезбеди трајно и одржливо функционирање на заштитата на природните ресурси на Охрид и Охридското Езеро.