Наскоро клонирани луѓе

За 50 години ќе биде можно да се врши клонирање на луѓе, смета британскиот биолог сер Џон Гердон, овогодинешен добитник на Нобелова награда за филозофија и медицина.

Тој појаснува дека технологијата на клонирање на луѓе може да се појави во наредниот половина век.  И ден денес клонирањето луѓе не спаѓа во фантастика. Во наредните децении научниците ќе го усовршат процесот на клонирање, бидејќи повеќето генетски копирања на ембрионите се дефектни. Овој научник вели дека механизмот на клонирање е многу едноставен и дека станува збор за просто клонирање на она кое веќе го создала природата.

Ќе биде возможно и клонирање на мамутите. Членови на меѓународна палеонтолошка експедиција од Русија, САД, Канада, Шведска и Велика Британија открија остатоци од овие праисториски животни со сочувани органи, во нив се пронајдени живи ќелии во ткивото.

Оваа идеја одсекогаш постоела кај палеонтолозите но за нивна реализација секогаш недостасувале живи ќелии. Досега успешно е клониран глушец, користејќи ќелии замрзнати 16 години.