Се расчистува коритото на реката Сушица

Со акцијата за расчистување на реките во охридскиот крај се опфати и река Сушица. Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваа речното корито на Сушица по нејзиното течение по ул.„15-ти Корпус“, „Кленоец“ и „Прилепска“.

„Како би се обезбедил непречен проток на речните води во есенскиов период, се отстранува жбунестата вегетација и натрупаниот градежен шут од речното корито, а околниот простор се коси.“– велат од претпријатието.

DSCN11281