Охридското езеро порибено со 25 илјади пастрмки

Денес Охридското езеро беше порибено со 25 илјади млади единки на охридска пастрмка. Според „Пастрмка 2012“ која стопанисува со рибниот фонд во езерото, оваа акција на порибување претставува спроведување на нивните обврски кои тие ги имаат предвидено како концесионер. Станува збор за пастрмки на возраст од над 9 месеци со должина до 8 сантиметри и просечна тежина од 5 грама.

„Подмладокот во текот на изминатиот период е одгледан во нашата јавна установа и е во одлична состојба со веројатност за опстанок од 95%“. – изјави директорката на Хидробиолошкиот завод, Сузана Патчева.

Инаку „Пастрмка 2012“ од август 2012 година е концесионер на риболовното подрачје на Охридското езеро за рекреативен риболов.