Интернетот го спречува водењето љубов

Последното спроведено истражување покажало дека голем број луѓе, наместо со партнерот, времето во кревет го поминуваат со своите телефони и компјутери, сурфајќи на интернет.

Напредокот на технологијата, интернетот и се поголема популарност на „паметните“ телефони и тоа како има влијание на навиките на луѓето кои се повеќе и повеќе време поминуваат на интернет. Па така од лап-топ компјутерите и паметните телефони често пати и нашиот сексуален живот.

Ова истражување е спроведено во Велика Британија врз корисници на интернет. Дури 15% од испитаниците признале дека интернетот навистина многу влијае на нивниот сексуален живот, затоа што повеќе време трошат на сурфање отколку што поминуваат со партнерот.

Од друг аспект, денес телефоните и интернетот го скратија и времето на спиење, па така луѓето спијат 90 минути помалку во споредба со периодот пред 10 години. Британците пред 10 години легнувале околу 22:30 часот, додека пак денес легнуваат околу полноќ. За тоа време половина од нив времето го поминуваат сурфајќи на интернет, повеќето прегледувале интернет портали, 15% гледале онлајн видео снимки, а пак 13% од испитаниците времето пред спиење го поминувале на социјалните мрежи.