Реизбран актуелниот народен правобранител Мемети

Денес собранието на 49 седница го реизбра актуелниот народен правобранител Иџет Мемети, а го разреши заменик народниот правобранител Невенка Крушаровска, поради исполнување на услови за старосна пензија.

Пратениците ги усвоија и Предлогот за огласување и именување на јавниот обвинител, како и одлуките за изменување за избор на претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите, за изборни комисии на Собранието како и за основање на пратенички групи на Собранието.