Божиќна честитка од Петрески и Јаковчески

Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот Душко Јаковчески на сите граѓани од католичка вероисповед им го честитаат големиот празник Божиќ.

Дозволете во наше лично име и во име на Општина Охрид да ви ги честитаме божиќните празници. Празничните денови поминете ги со семејството и најблиските во мир и хармонија. Христовото раѓање нека ви биде водилка низ животот и нека ве поттикнува на меѓусебно почитување и солидарност.

Духовниот мир пронајдете го во праведноста, хуманоста и почитта.