Црвенковски упати честитка по повод денешниот празник

По повод денешниот празник Божиќ, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски им го честита денешниот ден на сите верници од католичка вероисповед.

“Дозволете ми, на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија и Вам лично, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот христијански празник Рожденство Христово Божиќ, со искрени желби за добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови, а воедно да ги поминете Божиќните празници во кругот на семејството во добро празнично расположение“. – стои во честитката од лидерот на СДСМ.