Распродадени влезниците за претставата „Детектор за лаги“

Од Центарот за култура „Григор Приличев“ известуваат дека влезниците за претставата „Детектор за лаги“ за четврток, 20-ти Ноември се распродадени.

Исто така, информираат дека претставата „Детектор за лаги“ од Василиј Сигарев, во режија на Ненад Витанов, повторно ќе биде на репертоар на 27- ми Ноември(четврток).

Билетите за истата се веќе пуштени во продажба.