„Во една демократска држава, никој политички ,,посилен,, субјект, нема право да присили послаб индивидуа, граѓанин на Република Македонија, мимо неговиот волјев акт, да оди на ПРОТЕСТ, притоа заплашувајќи го, и уценувајќи го со нечовечки и недемократски методи, од типот,, ќе те казнам на плата,, , ,,ќе те избркам од на работа ,, и слично. Денес, тој Египќанец, воопшто не знаел и зошто оди на протест, освен стравот и исплашеноста да не биде санкциониран или ја изгуби работата. Ваквите дејанија, не кореспондираат со демократските начела, основните и универзални човекови права, и затоа сметам дека ова треба да престане. Египќаните, ако треба да протестираат, тоа ќе го направат за своите права и слободи, како посебен етникум, а за ова состојба ќе бидат известени сите релевантни меѓународни организации. Египќаните, не заслужуваат ваков однос, бидејќи тие се работлив, лојален и мирољубив народ“.
Стои во реакцијата на Демир Далип – предводник на ОПЕМ и овластен застапник на египќаните за надворешна соработка