Градоначалникот на предновогодишна забава со најмладите

Градоначалникот Александар Петрески присуствуваше на традиционалната предновогодишна забава со најмладите. Годинава забавата се одржа во СРЦ “Билјанини извори“, а истата имаше хуманитарен карактер.

Настапот беше збогатен со ѕвездите од охридскиот фестивал “Распеано рибарче“, Ѓоко Танески, Боби Мојсоски, Денис Мурат и други естрадни уметници. И оваа забава е дел од проектот “Декември – месец на отворено срце“.

SRCzabava2