Општина: СДСМ во Охрид не остави ниту еден проект освен финансиски пустош и огромни долгови

Во врска со соопшетнието на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и Општина Охрид, во која стои:

„Ништо ново од СДСМ, кога се работи за оценка на работењето на локалната самоуправа. Празни зборови и излитени политички фрази, се разбира без факти и конкретни показатели. Уште еднаш ги потсетуваме на ноторниот факт: СДСМ на Охрид и неговите граѓани, не му остави ниту ЕДЕН ГОТОВ ПРОЕКТ, но затоа зад нивното раководење со општината остана финансиска дупка од над 33 милиони евра, урбан хаос и пренатрупана државна и јавна администрација.

Проектите кои ќе бидат реализирани, се од кредитна линија, за кои претходно има позитивен став од Светска Банка, а како издржани се оценети и од Министерството за финансии. Ова покажува дека во СДСМ ниту знаат, ниту можат да изработат проекти од витално значење за градот и нашите граѓани. А, за тоа кој ги дели граѓаните на наши и ваши, покажува реченицата во нивното соопштение, каде партиски си ја присвојуваат локалната администрација.“– стои во реакцијата.