Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 21 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на бензиската Петрол.
Ратка С. (55) од Охрид на лице место им подлегна на повредите додека нејзиниот сопруг С.С. (61) со тешки телесни повреди е префрлен во болницата „Св.Еразмо“. Во болницата, на понатамошно лекување е задржано и лицето Ф.З. (28) од струшкото село Корошишта.
Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога возачот Г.З. (24) од Корошишта кој во правец кон Подмоље го управувал патничкото моторно возило „Голф“ со струшки регистарски таблици, извршил претекнување и притоа со предниот десен дел директно се судрил со предниот десен дел од патничко моторно возило „Застава 101“ управувано од сега тешко повредениот С.С. Поради силината на ударот, ова возило се завртело на коловозот додека возилото „Голф“ излетало на левата страна од коловозот.
На лице место, извршен е увид во присуство на истражен судија, заменик јавен обвинител, овластен судски вештак и екипи на СВР Охрид.
За сторено кривично дело ,,Тешки дела против животот и имотот во сообраќајот„ денес СВР Охрид против Г.З. (24) од Корошишта, возач на патничкото моторно возило „Голф“ поднесе кривична пријава.