Средба на СВР Охрид со угостителските работници во пресрет на главната туристичка сезона

Во пресрет на главната туристичка сезона, а по иницијатива на секторот за внатрешни работи Охрид, вчера беше одржана средба со охридските угостителски работници. Целта беше остварување на поблиска, интензивна и постојана комуникација помеѓу полицијата и угостителските работници, размена на информации и координирани активности во насока на превенирање и елиминирање на можните нарушувања на јавниот ред и мир како и други облици на насилно, криминогено и деструктивно однесување.

На угостителските работници притоа им беше пренесена цврстата определба на СВР Охрид и мерките што во текот на целата туристичка сезона ќе се преземаат за понатамошно одржување на поволната безбедносна состојба. Во таа насока, СВР Охрид ќе презема деноноќни засилени и континуирани законски превентивни и репресивни мерки во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, сообраќајот и во другите области на безбедносен план. Активностите ќе бидат самостој- ни но и во координација со надлежните инспекциски служби и ќе значат контрола на угостителските објекти во однос на почитување на работното време, присуство на малолетни лица по 24 часот, точење алкохол, оддавање на пијанство, непристојно, насилно и дрско однесу- вање, гласна музика и други облици на вознемирување на граѓаните. На угостителите им беше укажано дека СВР Охрид води континуирана евиденција на лицата нарушители на јавниот ред и мир како и на лицата кои вршат различни казнени дела. Кон нив, СВР Охрид прифаќајќи ги мислењата на угостителите ќе презема мерки надвор од угостителските објекти а посебно ќе се ангажира кон сите пријави за гласна музика, водење кучиња низ градот и плажите без заштитни маски, непрописно паркирани возила во централното градско подрачје и пред угостителските објекти. 

СВР Охрид  професионално и целосно ќе одговори и на сите други барања на граѓаните поврзани со нивните безбедносни потреби.

Policija2