Советот на општина Охрид , на денешната седница го усвои буџетот на општината за 2013 година. Опозиционата советничка група ја напушти седницата по што се работеше по предвидениот дневен ред . Седницата беше прекината , па за нејзиното продолжение , што дополнително ќе биде закажано , остануваат програмите за работа на јавните претпријатија „ Охридски комуналец“ и „Градски гробишта“.
Советници ги прифатија програмите за работа за 2013 година , за изработка на урбанистички планови, за заштита на животната средина, располагање со градежното земјиште, уредување на градежното земјиште, изградба на системи за одржување и пречистување на отпадните води, изградба на системи за водоснабдување, изградба на сообраќајна сигнализација, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, комунални услуги, за јавно осветлување, одржување на локални патишта и режим на сообраќај, јавна чистота и одржување на паркови и зеленило.
Зелено светло добија и програмите за образование, култура, детска и социјална заштита, за спорт , за поттикнување на развојот на туризмот и локалниот економски развој, за противпожарна заштита, одбележување на празници и манифестации, родова рамноправност, програмите за работа на Советот на општина Охрид и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот , поставување на урбана опрема и одлуката за пренесување правото на соспственост од општина Охрид на ОУ „Свети Наум Охридски“ с. Пештани, ОУ „ Кочо Рацин“ Охрид, ОУ „Григор Прличев“ Охрид, ОУ „ Христо Узунов“ Охрид, ОСУ „Свети Климент Охридски“ Охрид и ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
Од урбанистичката сфера беа прифатени нацрт-деталните урбанистички планови за просторите „Табана“ и „Ривиера“ , за утврдување нацрт-урбанистички план вон населено место Лагадин-Пештани Блок 3 и дел Блок 4 КО Пештани нацрт план 2012-2022 општина Охрид, нацрт- детален урбанистички план за градежна парцела 13.2.1 во УЗ 13, УБ 13.2 на КП 3477, КО Охрид 4 – општина Охрид , нацрт, детален урбанистички план за градежна парцела 1 на КП 3463/3, дел од УЗ 13 дел од УБ 13.3 КО Охрид 4 – општина Охрид, и предлог Одлука за утврдување нацрт -урбанистички план вон неселено место Лагадин – Пештани, дел од Урбан Блок 2 – опфат 1, општина Охрид, плански период 2012-2020 г.
Беа усвоени и програмите за работа на јавните претпријатија „Погребни услуги“ , „Нискоградба Охрид“ , „Билјанини Извори“ , „Проаква“ Струга – РЕ „Водовод“ Охрид и „Градски пазар“.