Во италијанската Серија Б, Стефан Ристовски влезе во игра во последната минута од првото полувреме, кога неговиот тим Бари губеше со 1:0 на гостувањето во Цитадела. Во 54 минута токму од него започна акцијата по која неговиот тим постигна гол за изедначување на 1:1, кој беше и конечен резултат.
Додека пак во Израел, Дарко Тасевски го одигра целиот натпревар во кој неговиот тим Шмона забележа победа од 3:4 на гостувањето против Макаби Нетанија.
WebOhrid