Каде за Нова година?

Според анкетата на WebOhrid во која учествуваа 53 испитаници, 47% се изјаснија дека најлудата ноќ ќе ја дочекаат дома, односно во домашен амбиент. Слаб е процентот од испитаниците кои ќе прославуваат во угостителски објект со 11%. Имајќи го фактот дека угостителските објекти се речиси исполнети, тоа зборува дека најголем број на оние кои се одлучиле да прославуваат во угостителските објекти се гости од земјата и од странство.

За дочек на Новата година на плоштад се изјасниле 10% од читателите. Голем е бројот на оние кои не се одлучиле до последен момент, нив ги има 15%. Тука се и оние кои ќе прославуваат „секаде по малку“ што значи најпрво во своите домови, па на плоштад за време на одбројувањето за Новата година, и на крај или да се сместат во некој објект на охридската ривиера или повторно да и се вратат на домашната атмосфера. Тие ќе треба да одлучат денес, дали ќе останат дома или ќе бидат дел од новогодишниот хепенинг на градскиот плоштад.

WebOhrid