Претпразнично се уредува просторот на Градските гробишта

Во пресрет на Божиќните празници, на просторот на Градските гробишта интензивно се работи на одржување на хигиената, метење и чистење на патеките, чистење и собирање отпад околу гробните места и хортикултурно уредување.

Од Јавното претпријатие „Градски гробишта“, до граѓаните упатуваат честитки за престојните празници и во овој период кога масовно се посетуваат вечните почивалишта замолуваат, да се  почитува редот на однесување на  градските гробишта.