Зимскиот распуст започна од денес па се до 21 јануари

Од денес за сите ученици од основните и средните училишта, започна тринеделниот зимски распуст. Учениците ќе се вратат на настава на 21 јануари, во понеделник, кога почнува второто полугодие.

На крајот од оваа 2012/2013 учебна година се очекува да биде спроведено екстерното тестирање на учениците, кое се одложуваше неколку години. Негова цел е де се оцени колку наставниците објективно го вреднуваат нивното знаење.