Дочекот помина во најдобар ред

„Најлудата ноќ“ во Охрид помина без инциденти. Новата година домашните и странските туристи, како и граѓаните, ја дочекаа во мирна атмосфера, како на градскиот плоштад така и во угостителските објекти. Екипите на СВР Охрид како и секогаш, неуморно ја вршеа својата должност.

„Новогодишната ноќ помина во најдобар ред. Немаше ниту еден инцидент, ни сообраќајна несреќа. За среќа службите на СВР немаа потреба да реагираат.“– изјави портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.

Димоски за WebOhrid изјави дека СВР и понатаму професионално ќе си ја врши должноста, а се надеваат дека и во наредните денови празничното расположение нема да биде нарушено во ниту еден момент.

WebOhrid