Вечерва околу 20 часот во охридската чаршија во златарница „Голд“ извршена е кражба. Две маскирани лица кои што биле со капи влегле во златарницата, едниот од нив се заканувал со пиштол, а другиот за тоа време почнал да го собира златото. Одземен е накит со вредност од околу 100 илјади евра. СВР се уште трага по сторителите.