Јонуз го претстави Алими

Мирсад Јонуз со Неа Саламис имаше тешко гостување против Аја Напа, но неговиот тим сепак успеа да победи. На овој натпревар, поранешниот селектор на македонската репрезентација му даде шанса на Арменд Алими да дебитира и да се докаже во кипарската прва дивизија.

Домашните дојдоа во предност уште во четвртата минута, со голот на босанецот Никиќ. Пет минути подоцна по нафрлање токму на Арменд Алими, Никиќ постигна автогол и го изедначи резултатот.

Во 58 минута Опер успеа да зголеми за гостите, а со тоа го постави и конечниот резултат од 1:2. Алими беше изваден од игра како тактичка замена во 90 минута.

На видеото може да ги погледнете двата голови кои ги постигна екипата на Јонуз, Неа Саламис.

WebOhrid