Наполи успеа да ја победи Рома со 4:1, а нашиот интернационалец Горан Пандев беше најзаслужен за победата на неговиот тим. Иако не се запиша во листата на стрелците, Пандев асистираше на 3 пати и му помогна на Единсон Кавани да постигне хеттрик. Пандев беше заменет во 81 минута, а неговата одлична игра публиката ја награди со аплауз.
Со оваа победа Наполи со 37 поени скокна на третата позиција, 7 поени зад водечкиот Јувентус.
WebOhrid