Ново оштетување на возило со македонски таблички во соседна Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Стар Дојран“ е пријавен нов случај на оштетување возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето В.Г. од Струмица во чија сопственост е возилото марка „Цитроен – Берлинго 6“ на кое е скршено стакло од предната лева врата на возилото. Оштетувањето се случило вчера во близина на Бутковско езеро, Р. Грција. Сопственикот на возилото, случајот го пријавил во грчката полиција но за истото не добил Записник.

Со овој нов случај на оштетувања, бројката на вкупно оштетени возила за оваа година достигна вкупно седум, а досега регистрирани се и тринаесет кражби на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Р.Грција.