Божиќна честитка од градоначалникот Петрески и претседателот на Советот Јаковчески

Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески, испратија честитка по повод христијанскиот  празник- Рождество Христово-Божик.

„Со радост во срцата,  вознес и богопоклонение да  го прославиме големиот христијански празник Рождеството Христово Божиќ. Деновите на славењето нека бидат исполнети со љубов кон ближните, благоста, човекољубието и милосрдноста, кон правдата и вистината и нека ни бидат топли нашите души.

На темелите на овие вредности треба да ја градиме сегашноста и иднината и да овозможиме поубав живот за нас и нашите поколенија. Како православни христијани, со особена почит да го следиме патот на светлината, дарен од Бога, постојано да пренесуваме  божествени и убави вести и да му се радуваме на животот.

Примете ги нашите наискрени честитки по повод славењето на Божик и нека во деновите на славењето на Рождеството Христово, Вашите домови бидат полни со топлина, љубов и верба за подобро утре.“ – се вели во Божиќната честитка на градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески.