Метеоролозите во Австралија прогнозираат рекордни 52 °С

Австралискиот метеоролошки завод мораше да им додаде нова боја на картите за температура, бидејќи прогнозираат екстремно високи температури кои не можат да ги означат со веќе постоечките бои.

Тие за понеделник прогнозираат температура од дури 52 °С, па затоа додадоа нова боја на своите температурни карти – светловиолетова.

Рекордна температура во Австралија била измерена во јануари 1960 година со 50,7 °С. Но, просечна рекордна температура во целата држава беше изминатиот понеделник кога беа измерени 40,3 °С, со што е срушен рекордот стар 40 години.

Поради екстремно високата температура, веќе неколку денови беснеат пожари во Тасманија и во Нов Јужен Велс.