Пратеникот Николоски се сретна со пратеникот на Долниот дом на Парламентот на Канада

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, Александар Николоски, оствари средба со Рас Хиберт, пратеник на Долниот дом на Парламентот на Канада.

На средбата присуствуваа и членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада:  Светлана Карапетрова и  Лилјана Кузмановска.

Николоски во воведното излагање искажа задоволство за континуираната соработка со Парламентот на Канада и благодарност до Канада што во 2007 година ја призна Република Македонија под уставното име.

Пратеникот Рас Хиберт беше запознаен со можностите за зимскиот туризам во Република Македонија, градење на ски-центри, изградба на хотели, спа-центри, жичници. Тој се интересираше за транспортот на стоките од Република Македонија и каков сè превоз се користи.

На средбата беше истакнато дека во нашата земја има голем број канадски инвестиции во етаблирани компании, а постои отвореност и за други иницијативи.