ВМРО-ДПМНЕ да види како работат нивните градоначалници, повикуваат од кабинетот на градоначалникот

На денешните обвинувања од страна на ОК ВМРО–ДПМНЕ, со реакција излегоа и од кабинетот на градоначалникот.

„ВМРО–ДПМНЕ поучени од криминалната работа на своите министри и градоначалници, не знае дека постои и друг начин на работа. Александар Петрески и неговата администрација, во своите два мандати работи одговорно и според сите законски прописи.

Од ВМРО–ДПМНЕ треба да знаат дека секој туристички центар во светот, за доброто на градот, туризмот и развојот, треба да е среден. Сите улици, особено во централното градско подрачје мора да бидат средени и проодни како за автмобили така и за пешаци. Тротоарите и просторите каде е забрането паркирањето мора да бидат проодни. А оние улици во централното градско подрачје, каде има доволно простор за проодност и за паркирање, како во сите туристички центри, така и во Охрид ќе се наплаќа со цел средување на сообраќајот во центарот.

Ги повикуваме раководните лица на ВМРО–ДПМНЕ да прошетаат до Скопје и да видат како нивните градоначалници ги ограбуваат граѓаните со наплата на паркинг просторот со сто денари од час. Власта на ВМРО–ДПМНЕ сака да го запусти и Охрид, исто како Општина Центар со изградба на многу споменици и недолични градби. Ние тоа нема да го дозволиме.

На крај, ги потсетуваме челниците на ВМРО–ДПМНЕ дека и во 2009 година, при крајот на првиот мандат на градоначалникот Александар Петрески му ги одбројуваа последните денови на неговото владеење, но видовме како заврши нивното одбројување и како граѓаните ги казнија“. – стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.