Мртви крави на бреговите од Шведска и Данска

Водата исфрлила лешеви на 11 крави на плажите во Данска и Шведска. На југот од Шведска пронајдени се осум мртви крави, додека пак три во Данска. На кравите им биле отсечени ушите, со цел да се прикријат ознаките за нивно идентификување. 

Полицијата претпоставува дека кравите се фрлени од некој брод во Балтичкото Море. Тие се обидуваат да утврдат кои транспортни бродови се наоѓале во водите помеѓу овие две земји во текот на изминатите недели.

Шведските ветеринари потврдија дека не пронашле траги од болести кај кравите пронајдени во Шведска.